Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
ОСНОВЕН СУД ТЕТОВО - НАДЛЕЖНОСТИ
Надлежност
Основниот суд во Тетово е првостепен суд со проширена надлежност кој покрај надлежноста утврдена за основните судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани и тоа да одлучуваат:
1. во прв степен по кривичните дела и прекршоци, и тоа:
- за кривичните дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведува истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
- за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управаили организација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и пригивори за постапките за кои се надлежни овие судови
2. во прв степен по граѓанските спорови, и тоа:
- за спорови во имотно-правните и други граѓанско правни односи на физички и правни лица, чија вредност е 15.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство и мајчинство, утврдување на постоење на брак, поништување на брак и развод на брак,
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во денарска противвредност,
- за постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- за спорови од наследно-правни односи,
- во вонпарнични о оставински работи,
- да водат тапии и
- за други работи утврдени со закон,

Надлежен е да одлучува и тоа:
1. по кривичните дела, и тоа:
- за оние за кои со закон е предвидена казна затвор над пет години и за кривични дела и прекршици извршени од малолетни лица,
- да постапува по предмети за екстрадиција,
- по жалби и приговори за постапките за кои е надлежен и
- да решава за постапки за меѓународна правна помош утврдена со закон.

2. по граѓанските спорови, и тоа:
- за спорови од имотно-правните и други граѓанско правни односи на физички и правни лица, чија вредност е над 15.000 евра во денараска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- во трговски спорови во кои двете странки се правни лица или државни органи, како и спорови од авторски и други сродни права и права од индустриска сопственост,
- водат судски регистар за политички партии,
- во постапка за стечај и ликвидација,
- во спорови за утврдување и обезбедување за присилно извршување и
- за спорови на домашни правни и странски лица кои произлегуваат од нивните меѓусебни стопански односно трговски односи.

Со новиот "Закон за судови" објавен во службен весник на Република Македонија бр.58/06 од 11.05.2006 година предвидено е формирање на специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал. Надлежноста на ова одделение ќе се протега на подрачјето на Основниот суд Гостивар, Основниот суд Дебар, Основниот суд Кичево и Основниот суд Тетово.
  • Историјат
  • Судска Зграда
  • Годишни Извештаи
  • Месечни Извештаи
Историјат
Република Македонија се наоѓа во центарот на Балканскиот полуостров, крстопат на Балканот, вратата која го поврзува истокот и западот местото каде од секогаш се сретнувале, различни религии, култури и цивилизации.

Градот Тетово се наоѓа во северо-западниот дел на Република Македонија во подножјето на Шар Планина.Сите турбуленции што ја зафаќале оваа држава низ историјата се рефлектираат и во овој град, вековите носеле различни владетели, поробувачи и освојувачи, а со тоа се менувале и органите кои вршеле право раздавање.

Тргнувајќи од времето кога Македонија била дел од Турското османлиско царство во Тетово како судски орган постоел кадија кој ги решавал споровите помеѓу населението врз основа на шеријатското право. Поради недоверба во судската власт на кадијата која на народот му била туѓа, наметната, а и заради тоа да се реши побрзо и поефтино спорот народот знаел своите спорови да му ги довери на некој од угледните граѓани или селани. Често местото на решавачи на споровите по селата го заземале селските кметови.

После Балканските војни и после првата Светска војна територијата на денешна Република Македонија и градот Тетово му припаднаа на кралството Србија, додека другите делови на Македонија били поделени помеѓу другите соседни држави.

Појдовна основа за уредување на судството во Македонија и на градот Тетово сe до завршувањето на втората Светска војна билe законите кои ги носело кралството Србија.

Така на 17 февруари 1914 година е донесена „Уредба за уредување на судовите и судските постапки“ со која во секој округ е формиран по еден окружен суд. Со оваа уредба е предвидено формирање на окружен суд и на територијата на градот Тетово.

Исто така во Градот Тетово во тоа време функционирал и првостепен суд, со оригинален назив „Првостепени околиски суд Тетово“.
Во ова време врз основа на Видовденскиот устав од 1921 година и октроисаниот устав од 1931 година судиите во судовите вклучувајќи и во Тетово биле назначувани од страна на кралот врз основа на предлог на министерот за правда.

По обединувањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во кралството СХС, Македонија и градот Тетово влегуваат во ова кралство како дел од територијата на кралството Србија. Во овој период се до 1929 година во врска со судовите важат законите од пред обединувањето.Посебно следниве закони:
- Законот за устројство на судовите
- Уставот на кралството Србија од 1903
- Законикот за судска постапка на граѓанските спорови

Канцелариското работење во судовите се до крајот на втората светска војна се уредува со Уредбата на судскиот деловодник за судовите од прв и втор степен, донесена на 25 Октомври 1932 година.

На 21 Март 1929 година, донесен е „Закон за уредување на Шеријатски судови“, а врз основа на овој закон е донесена „Уредба за установување на месните надлежности на околиските шеријатски судови“, на дел од подрачјето на Апелационен суд Скопје.
После втората светска војна Македонија станува членка на федерацијата Југославија, во рамките и врз основа на законите на оваа федерација го гради својот судски систем се до осaмостојувањето и формирањето на независна и суверена држава.

Околиски суд, Општински суд или Основен суд Тетово

Врз основа на Повелба на Презедиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија која е донесена на 31.03.1945 година се основани и формирани судови на целата територија на Република Македонија. Оваа повелба била основ и за формирање на Тетовскиот околиски народен суд во 1945 година. Називот на овој суд подоцна бил заменет со називот Околиски суд Тетово, а по донесувањето на уставот на федерацијата Југославија од 1963 година преименуван е во Општински суд Тетово. Се до 1962 година судот се наоѓал во зградата на управата за пазариште во Тетово која се наоѓала на самото старо градско пазариште во центарот на Тетово во непосредна близина на плоштадот. На ова место сега е изграден новиот трговски центар во Тетово.

Се работело во лоши услови, не постоело доволно работен простор, а самите рочиште се држеле во канцелариите на судиите. Не постоеле судски приправници и стручни соработници затоа што немало доволно образован кадар. Судија се станувало само со диплома за завршен правен факултет, без обврска за полагање правосуден испит, па дури и без обврска за стажирање.

Околискиот суд во Тетово ја имал следнава организациона структура: одделенија и тоа граѓанско, кривично, оставинско, вонпарнично и извршно одделение. Претседател, судии, извесен број на службеници, а постоеле и судии поротници.Во 1959 година со судскиот деловник одделенијата се заменети со отсеци.

Во 1962 година е изградена нова зграда во која бил сместен Општинскиот суд во Тетово која се наоѓа на ул.Илинденска б.б.Во оваа зграда и ден денес се наоѓа судот во Тетово.

По осамостојувањето на Република Македонија и по формирањето на независна и самостојна држава, донесен е нов закон за уредување на судовите со назив „Закон за судови“ службен весник бр.36/95 на Р.Македонија од 27.07.1995 и исправка на овој закон од 27.09.1995 објавена во службен весник бр.45/95. Со овој закон Општинскиот суд во Тетово и Општинскиот суд за прекршоци се споени и е настанат еден суд со назив Основен суд Тетово.

Редослед на претседатели на овој суд: Блашко Крстески , Димче Трпески, Николка Трпески, Занко Стојменов, Беќир Исеини, Крсто Попоски, Сафет Хамзи, Џемајли Арифи.

Окружен суд Тетово

На територија на градот Тетово,како регионален центар на северозападниот дел на Република Македонија, неколку пати досега функционирал и Окружен суд.

Прв пат ваков суд во Тетово бил воведен како што погоре беше кажано во времето кога Македонија, а и градот Тетово биле под српска управа т.е. во време на владеење на Македонија од страна на Кралството Србија и за време на кралството СХС.

Ваков суд во Тетово функционирал и од 1956 па до 1966 година кога бил укинат.Окружниот суд Тетово бил надлежен за подрачјето на следниве општински судови Општински суд Гостивар, Општински суд Тетово, Општински суд Дебар. Со формирање на окружниот суд Тетово се укинува Окружниот суд Гостивар кој бил формиран во 1952 година.

Организациона структура: Претседател, судии, суди поротници и административни службеници.Одделенија граѓанско, кривично и истражно.

Во текот на функционирањето на овој суд се смениле двајца претседатели и тоа Кочо Тулески кој бил претседател од 1956 – 1962 година и Миле Крцкоски кој бил претседател од 1962 – 1966 година.

Окружниот Суд во текот на своето работење изрекол и неколку смртни казни.

Окружниот суд прво бил сместен во зградата на радио Тетово која се наоѓа на ул.„Радован Цониќ“ бивша улица „Београдска“, во близина на зградата во која некогаш била сместена Републичката Гоедетска управа во Тетово.

Од 1962 година и овој суд е преместен во ново изградената судска зграда на улица „Илинденска“ б.б.
Структура на судска зграда
Зградата во која сега се наоѓа Основниот суд Тетово е онаа иста изграда која била изградена во 1962 година. Уште од самиот почеток во оваа зграда биле сместени Јавното обвинителство за Тетово, и тоа на вториот спрат, и Јавното правобранителство за Тетово, на третиот спрат од зградата.
Додека постоел окружниот суд тој бил сместен на вториот и третиот спрат од суската зграда.
Моментално зградата има три ката, на целиот прв спрат е сместен Основен суд Тетово додека вториот и третиот кат Основниот суд Тетово ги дели со Основото Јавното Обвинитество и со Основното Јавното Правобранителство за Тетово.

I Кат
Приемно одделение и шалтер на архивата, судски писарници, четири судници, судската полиција и дванаесет канцеларии на судии.

II Кат
Канцеларијата на претседателот, големата судница и три помали судници, 11 канцеларии на судии, сметководството и останата администарција.

III Кат
Истражно и прекршочно одделение.

Со отпочнувањето на USAID/проект за модернизација на судството во Република Македонија во 2003 година, Основниот суд Тетово е избран за пилот суд во рамките на проектот. Во периодот од 2003 – 2005 со парична помош од проектот во судот се реновираа и реконструираа приемното одделени, писарниците во судот, а се воведе и едношалтеркси систем за работење на судската администрација. Се модернизираше една од судниците во Основен суд Тетово, во која за првпат во историјата на македонското судство се случи далечинско сослушување на сведок преку сателитска врска. Проектот исто така вложи и во подобрување на опремата за обезбедување на судот и во реконструкција и реновирање на дел од канцелариите на вработените во Основен суд Тетово.

Месечни извештаи за работата на Основен Суд Тетово

Месечни Извештаи за 2009 година

Месечен извештај за месец Мај 2009

Месечен извештај за месец Јуни 2009

Месечен извештај за месец Јули 2009

Месечен извештај за месец Август 2009

Месечен извештај за месец Септември 2009

Месечен извештај за месец Октомври 2009

Месечен извештај за месец Ноември 2009

Месечен извештај за месец Декември 2009

Месечни Извештаи за 2010 година


Месечен извештај за месец Јануари 2010

Месечен извештај за месец Фебруари 2010

Месечен извештај за месец Март 2010

Месечен извештај за месец Април 2010

Месечен извештај за месец Мај 2010

Месечен извештај за месец Јуни 2010

Месечен извештај за месец Јули 2010

Месечен извештај за месец Август 2010

Месечен извештај за месец Септември 2010

Месечен извештај за месец Октомври 2010

Месечен извештај за месец Ноември 2010

Месечен извештај за месец Декември 2010

Месечни Извештаи за 2011 година


Месечен Извештај за месец Јануари 2011

Месечен Извештај за месец Фебруари 2011

Месечен Извештај за месец Март 2011

Месечен Извештај за Месец Април 2011

Месечен Извештај за Месец Мај 2011

Месечен Извештај за Месец Јуни 2011

Месечен Извештај за Месец Јули 2011

Месечен Извештај за Месец Август 2011

          Месечен Извештај за Месец Септември 2011

          Месечен Извештај за Месец Октомври 2011

             Месечен Извештај за Месец Ноември 2011

             Месечен Извештај за Месец Декември 2011

          Месечни Извештаи за 2012 година


             Месечен Извештај за месец Јануари 2012

             Месечен Извештај за месец Февруари 2012

             Месечен Извештај за месец Март 2012

             Месечен Извештај за месец Април 2012

             Месечен Извештај за месец Мај 2012

             Месечен Извештај за месец Јуни 2012

             Месечен Извештај за месец Јули 2012

             Месечен Извештај за месец Август 2012

             Месечен Извештај за месец Септември 2012

             Месечен Извештај за месец Октомври 2012

             Месечен Извештај за месец Ноември 2012

             Месечен Извештај за месец Декември 2012

          Месечни Извештаи за 2013 година


             Месечен Извештај за месец Јануари 2013

             Месечен Извештај за месец Фебруари 2013

          Месечен Извештај за месец Март 2013          

          Месечен Извештај за месец Април 2013

          Месечен Извештај за месец Мај 2013

          Месечен Извештај за месец Јуни 2013

          Месечен Извештај за месец Јули 2013

          Месечен Извештај за месец Август 2013

          Месечен Извештај за месец Септември 2013

          Месечен Извештај за месец Октомври 2013

          Месечен Извештај за месец Ноември 2013

          Месечен Извештај за месец Декември 2013


          Месечни Извештаи за 2014 година


          Месечен Извештај за месец Јануари 2014

          Месечен Извештај за месец Фебруари 2014

          Месечен Извештај за месец Март 2014

          Месечен Извештај за месец Април 2014

          Месечен Извештај за месец Мај 2014

          Месечен Извештај за месец Јуни 2014

          Месечен Извештај за месец Јули 2014